
LTTA1 и проектни активности 23 ноември 2022 година Проектните активности се веќе во тек. По првите активности на LTTA 1, нашите наставници започнаа да спроведуваат Дијалог состаноци во сите земји партнери. Поради ограничувањата за патување, активностите на LTTA 1 започнаа онлајн, каде што партнерите и изведувачите се сретнаа на 28 април 2022 година преку апликацијата ZOOM. На средбата добивме увид во основите на методологијата на Дијалог состаноци. Вториот дел од активноста LTTA1 се одржа во Барселона од 27 до 29 септември 2022 година, каде што можевме да навлеземе уште подлабоко во самата методологија. Во организација на водечкиот партнер, останатите партнери заедно со изведувачите (наставниците) имаа можност не само да ги решат сите прашања и сомнежи кои ги имаа, туку имавме можност и во живо да посведочиме на процесот на дијалошка средба.